Покрај маски и шампони, нега на коса вклучува и регенератор.

Можете исто така да направите сами за да бидете сигурни дека нема да ставите хемикалии на веќе проблематичната и „уморна“ коса и дополнително да ја оштетите.

Обидете се, на пример, регенератор на база на портокал.

Не само што е здраво, туку ќе ја зајакне косата и ќе ја храни со витамини. 

Потребни ви се масло од портокал, мед и сандалово дрво, а се подготвува на следниот начин: исцедете еден портокал, додадете малку вода, лажица мед и пет капки сандалово масло.

Измешајте ги сите состојки додека не добиете густа течност.

Нанесете го регенераторот после шампон, добро истријте го, а потоа исплакнете.