Вирусите, настинките и грипот доаѓаат со првите постудени есенски денови, кога сме особено чувствителни и значително ни е нарушен имунитетот.

Во тој претстоен период, особено за време на глобалната пандемија на коронaвирусот, лекарите препорачуваат да го зајакнеме телото, имунитетот и да бидеме подготвени да се соочиме со вирусот и грипот.

Руската алтернативна медицина нуди народен лек, кој комбинира речиси икомпатибилни природни состојки, но кој го обновува целиот организам.

Ако често сте преморени и се чувствувате како да немате доволно енергија, тоа е првиот знак дека имунитетот е сериозно нарушен.

Овој ефикасен руски еликсир ќе придонесе за прочистување на целиот организам и ќе ја врати изгубената енергија. Овој препарат се користи во форма на пијалок, а главни состојки се лук, маслиново масло, природен мед, зелен чај, потоа мали количини смола, јаболков оцет и црн пипер.

Рецепт на рускиот академик Људмила Григориевна Пучко

За да го подготвите овој рецепт, треба да подготвите 2 лажици ситно сечкан лук, 3 лажици маслиново масло, 5 лажици природен ливадски мед, 50 милилитри силен сварен зелен чај и половина кафена лажичка мелен пипер, природна смола и една кафена лажичка јаболков оцет.

За да ја подготвите смесата, треба да пржете лук во маслиново масло една минута. Додадете ги сите останати состојки и измешајте сè на тивок оган пет минути. Тргнете од оган и оставете да се излади, потоа чувајте во стаклена тегла, затворете го со капак и ставете го во фрижидер.

Земете една кафена лажичка дневно, секогаш во исто време. Не е важно дали го земате еликсирот пред или после оброк.