Прилеп е прогласен за „најзелена општина“ за 2021 година по повод Светскиот ден на животната средина. Прилеп со признанието се здоби во посилна конкуренција, а за нејзиниот избор влијаеле квалитетот на живот, иновативниот пристап и одржливоста кон постигнување ефекти на среден и долг рок.

Жирито од пет члена ја препознало општина Прилеп како успешна приказна за имплементиран систем за селекција и собирање на цврст отпад од врата до врата –
воспоставен во 2012 година и надградуван низ годините со цел да постигне покриеност од 75 отсто од домаќинствата.

Прогласувањето за „најзелена општина“ се случи денес во присуство на претставници од ЕУ, на министерствата за животна средина и локалната самуправа. При тоа градоначалникот Борче Јовчески рече дека зачувувањето на животната средина е приоритет на ЕУ.

Заслужена ни е наградата. Граѓаните заедно со администрацијата, со вработените во комуналните прептрпијатија, од пилот проект, направивме еколошка приказна. Граѓаните покажаа како може да се врши селекција. Околу 40 проценти од селекцијата на отпадот се врши низ градот. Само со вакви чекори, со селекција на отпадот ќе се заштити животната средина. Планирана е доизградба на фабриката за селекција на секундарен отпад, со што ќе бидеме пример за зачувување на екологијата. Од 2008 година започна прокетот, кој се надоградуваше и од 2012 се врши селекција на отпадот – рече Јовчески.