Ако сакате да пиете слатко кафе, некој од семејството, пријател или колега сигурно во еден момент ви рекол: „Што ви треба шеќер, исфрлете го“. Ова доведе многу луѓе да се уверат во теоријата дека горкото кафе е поздраво од слаткото, но најновото истражување даде интересни резултати.

Објавенo е во списанието Annals of Internal Medicine, а експертите тестирале 170.000 здрави луѓе во нивните 50-ти. Се анализирале нивните навики кога е во прашање пиењето кафе.

Испитаниците биле поделени во три групи: оние кои пиеле слатко кафе, оние кои не додале шеќер и оние кои воопшто не пиеле.

Ова е нивниот заклучок: оние кои пиеле незасладено кафе имале и до 29 отсто помал ризик од прерана смрт, во споредба со оние кои воопшто не пиеле, додека кафето со шеќер е поврзано со 31 отсто помал ризик. Експертите ја открија вистинската мерка што треба да се презема секојдневно. Тоа се две до четири шолји дневно, без разлика дали го пиете со или без шеќер.

Напоменуваат и дека една кафена лажичка шеќер не претставува никаков ризик, како и дека е значително помала доза во споредба со готовите кафиња што се продаваат на маркетите.

Се верува дека кафето го намалува воспалението, го забрзува метаболизмот и ја подобрува чувствителноста на инсулин.