Нема ништо лошо во тоа да се сакаат и почитуваат родителите. Напротив, тоа е величествен манир и одлика на добро однесување.
И покрај тоа што мамините синчиња ќе се обидат да ви ја „продадат“ приказната за почит и љубов кон родителите како идеал кој тие го спроведуваат посветено, постои огромна разлика помеѓу маж кој ги почитува родителите и жртва на „Едипов комплекс“.
Иако таа разлика за многу од нас е замаглена, па не можеме баш секогаш да идентификуваме за што станува збор, постојат неколку параметри кои може да ги примените и да си разјасните дали имате работа со мамино синче.
Што треба да знаете:
- Се труди да ги импресионира родителите
Секој од нас се труди да ги расположи родителите и со нив да ги сподели своите успеси, на кои тие се радуваат повеќе и од нас самите.
Но мамините синчиња имаат претерана потреба да се доверуваат на мајките, да се правдаат за своите одлуки и да даваат објаснувања.
За нив судот на нивната мајка и нејзината оценка е многу важна. Доколку таа се коси со нивните лични согледувања и искуства настанува длабок конфликт од кој тешко може да излезат.
- Обрнете внимание како неговата мајка зборува за него
Многу е важно да го запознаете опкружувањето во кое тој растел. Обрнете внимание особено на говорот на неговата мајка.
Сите ние за нашите родители сме и најубави и најпаметни деца, но за мамините синчиња не постои критика, барем не прифатлива критика.
Тие растат со заблудите дека се најдобри, најпаметни, најубави и сите можни позитивни суперлативи.
Доколку некој се обиде да ги тргне од нивното супер его и да ги насочи да погледнат малку поинаку на себе, поправајќи ги сите недостатоци и подобрувајќи се, тој во истата секунда станува смртен непријател прво на неговата мајка, а потоа и нему.
- Многу е важно како мајка му ќе ве оцени
Сите мајки советуваат, критикуваат, имаат потреба да знаат дури и за интимните односи на нивните деца, дури и најприватните одлуки, но голема е разликата дали судот на мајката ќе има влијание врз вашата врска.
Доколку мајка му даде некој лоша критика или сугестија за вас, тој ќе ги цитира нејзините зборови како свои и ќе ве критикува за некоја баналност иако него лично тоа не му пречи.
За него е многу важно да се допаднете на неговата мајка, дури поважно од тоа да му се допаднете нему!
- Неговата мајка ве гледа како конкуренција
Одеднаш таа почнува непријатно да се однесува кон вас, иако не сте направиле ништо посебно да го заслужите тој однос.
На потсвесно ниво таа се бори да остане на пиадесталот во животот на нејзиниот син, а вие сте и сериозно загрозување за позицијата.
Таа нема да престане да се бори со вас, а вие потрудете се да го заслужите тој нејзин непријатен однос.
Соочете ја со нејзината сопствена глупост и поздравете го со „збогум“ маминиот син!
Автор: Магдалена Стојмановиќ