Поради големата загаденост на воздухот, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повикувајќи се на европскиот Индекс за квалитет на воздух на Европската агенција за животна средина, денеска издаде препораки до граѓаните.

Меѓу препораките се граѓаните да останат дома ако немаат потреба да излегуваат, да се носи маска, да не се отвораат прозорците, да се намали физичкиот напор на отворено, редовно примање на терапиите, да се избегнува престој на отворено, да се користи прочистувач на воздух.