Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците.

За сите натамошни информации во врска стекнување на патничките права, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија, со чии услови и правила на користење се согласиле кога ги купиле авионските карти. Доколку патниците имаат потреба дополнително да ги бараат своите патнички права, ги упатуваме да се обратат до Агенцијата за цивилно воздухопловство, на чија веб-страница се пропишани правилата и условите за нивно остварување: https://www.caa.gov.mk/.

Од 9 часот наваму нема откажани летови на Меѓународниот аеродром Скопје.

Во моментов не очекуваме нарушувања, но видливоста е променлива и зависи од временските неприлики во кои се наоѓа скопската котлина веќе неколку дена.

Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: www.skp.airports.com.mk, во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања). Таму, евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи.