дома информација вест Премиерката на Исланд „ја стресе“ земјотрес во програма во живо нејзината реакција...

Премиерката на Исланд „ја стресе“ земјотрес во програма во живо нејзината реакција е урнебесна (ВИДЕО)

Се случи земјотрес во Исланд додека премиерката даваше интервју во живо за мерките што се воведуваат во Исланд против КОВИД19 и нивниот импакт врз економијата

372
0

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди југозападен Исланд, предизвикувајќи поместување на зградите во главниот град Рејкјавик сепак нема извештаи за можни повреди или штета.

Премиерката на Исланд, Кетрин Јакобсдотир, зборуваше во живо за последиците од пандемијата кога наеднаш почна да тресе. Иако првично била изненадена, таа се пошегувала и го продолжила разговорот.

Леле, ова беше земјотрес. Но, ова е Исланд, рече таа и продолжи да зборува.

Вулканскиот Исланд е една од најсеизмички активните земји во светот, иако повеќето земјотреси што ја погодуваат земјата се слаби и прават мала штета.