Дури една третина од измамите се случуваат со соседите. Според едно американско истражување, најголеми се шансите партнерот да ве изневерува со нив.

Без разлика на полот, луѓето често имаат фантазии за својот сосед. Ова е малку поизразено кај мажите. Сепак, ваквите романси генерално се осудени на многу кратко траење.

Според ова истражување, речиси една третина од жените признале дека имале секс со мажи од околината или со нивниот прв сосед.

Дури 60 отсто од тие врски биле за една ноќ, 14 отсто од жените имале афера неколку недели, додека само шест отсто имале афера една година. Интересно е и тоа што дури 62 отсто од жените фантазираат за секс со соседот, додека 70 отсто од мажите за секси сосед, пренесуваат медиумите.

Затоа заборавете на непознатите девојки кои вашите партнери ги гледаат на социјалните мрежи. Тие не се голема закана за вас, бидејќи генерално имаат контакт само преку Интернет и генерално немаат директна комуникација.

Исто така, можете да здивнете кога станува збор за машки и женски колеги. Најголемата закана е токму во соседството. Експертите велат дека во повеќето случаи се е на ниво на имагинација, но доколку се сомневате, проверете дали прељубата се случува пред вашите очи.