Веројатно го знаете чувството кога, дури и по доволно часови сон, се будите уморни. Би сакале веднаш да се вратите во кревет и да ги откажете сите обврски и да го одложите алармот за некое време.
  • Пад на енергија

Или во текот на денот, одеднаш и без претходна најава, чувствувате потреба да спиете толку силно што едвај ги држите очите отворени.

Решение има, а нутриционистите нагласуваат дека постојат измамнички причини кои доведуваат до такви состојби.

Ова се најчесто работи кои одлучувате да ги ставите во телото, храната и пијалокот кои подмолно ве заморуваат, а треба да го правите токму спротивното.

Џеки Луинч, терапевт и нутриционист, објасни за австралискиот Cosmo дека наглото опаѓање на енергијата најчесто се поврзува со падот на нивото на шеќер во крвта. Во овие случаи најдобро е да посегнете по квалитетен избор на шеќер – овошје.

  • Мускулни грчеви

Ако во одреден момент во текот на денот се чувствувате токму вака, празно, можеби ви недостасува магнезиум.

А доколку чувствувате и грчеви во мускулите, главоболки и благи „тикови“, ова се само дополнителни симптоми на недостаток на магнезиум.

Често, физичката слабост е поврзана со недостаток на магнезиум во крвта. Ако среде активност чувствувате дека едноставно не можете да продолжите, можно е исцрпеноста да е предизвикана од тоа.

Ова чувство е вообичаено кај жените за време на менструалниот циклус, особено ако ги има во изобилство.

  • Недостаток на концентрација

Дали се чувствувате како да ви е „уморен мозокот“ и едноставно не можете да размислите? Нарушувањата на концентрацијата и неможноста да се фокусирате на било каков вид на интелектуална акција може да се поврзат со недостаток на витамин Б.

Во тој случај треба да земате витамини од Б-комплексот, кои се многу важни за нервниот систем.

Хроничниот стрес и честото консумирање алкохол го намалуваат количеството на овој витамин во крвта, а тоа може да се надомести со квалитетна исхрана полна со зелен лиснат зеленчук.

Истовремениот замор и напнатост може да бидат последица на прекумерното консумирање кафе. Нутриционистите забележуваат дека тоа може да бидат други пијалоци полни со кофеин, како што се газирани и засладени пијалоци.