Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Министерството за здравство за измена на времетраењето на забраната за движење, односно полицискиот час да почнува од 23 часот навечер и да трае до 5 часот наутро. Исто така, Кризниот штаб предлага и да се продолжи работното време на угостителските објекти до 22 и 30 часот.

Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки: забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23.00 часот до 05.00 часот наредниот ден; време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22.30 часот, соопшти Владата.

Наведените предлог-мерки ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај, среда.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде