Денеска со почеток во 15.00 часот на Универзитетот Св. Апостол Павле во Охрид, ќе се одржи предавање на тема: Вештачка интелигенција – од датотека до дигитална свест. Овој проект го реализира проф. д-р Анис Сефиданис, инаку професор на факултетот по машинска интелигенција и роботика при универзитетот за информатички науки и технологии св. Апостол Павле во Охрид. 

Идејата на предавањето е да се истакне развојот на ВИ и нејзиното усложнување низ историска перспектива, но да се постават хипотези за дигиталната свест во иднината, нејзината функционалност и феноменологија.

Инаку проф. д-р Сефиданис, има основано и научен центар во кој работи на развој на дигиталната свест и учествува во голем број проекти кои се врзани со вештачката интелигенција и нејзина широка примена во секојдневниот живот на човекот.

Предавањето е од отворен карактер, како за посетителите, така и за медиумите и јавноста.