Апостол Свети Тома, уште познат и како Томас или Близнак, е еден од дванаесетте апостоли.

Тој е можеби најпознатиот апостол кој не верувал во Христовото воскресение.

Исто така тој е и единствениот апостол кој отишол надвор од Римското Царство да го проповеда Евангелието, односно во Персија, Кина и Индија.

За него се смета дека можеби е првиот католик во западниот свет.

Во Евангелието на Јован во 11:16, се споменува дека кога Свети Лазар починал, апостолите на еден начин се спротиставиле на Исус Христос да се вратат во Јудеја, Свети Тома смело одговорил:

Да одиме и ние да умраме со Него.

Свети Тома е единствениот апостол кој присуствувал на Успението на Пресвета Богородица на небото.

Останатите апостоли биле специјално дојдени во Ерусалим за самиот погреб на Дева Марија.

Апостол Тома е почитуван како светец во Римокатоличката црква и Православна црква.

Римокатоличката црква неговото име го славела на 21 декември.

Таа била преместена поради тоа што на истата дата е починал Свети Петар Канисиус.

Така, во римокатоличката и англиканската црква, Свети Тома се чествува на 3 јули.

Во Православната црква, Источнокатоличката црква, Свети Томе го чествуваат во недела, односно една недела по Велигден.

Црквите кои го следаат јулијанскиот календар, празникот на Свети Тома го чествуваат на 6 октомври.