Сушењето облека дома во текот на зимата станува се почеста појава кај многу луѓе. Сепак, експертите предупредуваат на негативните страни што можат да бидат штетни за здравјето на домаќинството.

Имено, сушењето алишта во затворени простории го зголемува нивото на влажност за 30 проценти. Покрај тоа, хемикалиите за детергент и омекнувач на ткаенина се ослободуваат од алиштата во мали количини, кои според некои истражувања содржат и канцерогени супстанции.

  • Опасни габи и мувла

Влагата предизвикува формирање на преку десет видови опасни габи и мувла, што доведува до проблеми со бронхитис и синуси. Претходните студии покажаа дека луѓето кои престојуваат во простории каде што се сушат алиштата имаат почести главоболки и проблеми со дишењето.

Покрај тоа, влажноста ја намалува топлината во просторијата, така што дури и радијаторите не можат добро да се загреат во зима. Затоа, треба да ги исушите алиштата на свеж воздух и на тој начин да спречите здравствени проблеми.