Во 2020 година, 96,5 милиони луѓе во Европската унија биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, што е 21,9 проценти од населението, објави Еуростат.

Во 2020 година, во Европската унија имало 75,3 милиони луѓе изложени на ризик од сиромаштија, 27,6 милиони луѓе кои биле сериозно материјално и социјално лишени, и 27,1 милиони луѓе кои живееја во домаќинства со низок интензитет.

Меѓу 96,5 милиони луѓе во Европската унија кои се соочиле со ризик од сиромаштија и социјална исклученост, околу 5,9 милиони или 1,3 проценти од населението живеело во домаќинства соочени со сите три ризици од сиромаштија и социјална исклученост (ризик од сиромаштија, тешка материјална и социјална лишеност и низок интензитет на трудот).

Во четири земји во Европската унија, повеќе од една четвртина од населението било изложено на ризик од сиромаштија и социјална исклученост (35,8 проценти во Романија, 35,8 проценти во Бугарија, 27,5 проценти во Грција и 27 проценти во Шпанија).

Од друга страна, најниско учество на луѓето изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост забележале Чешка (11,5 проценти), Словачка (13,8 проценти), Словенија (14,3 проценти), Холандија (15,8 проценти) и Финска (15,9 проценти).

Податоците покажаа дека ризикот од сиромаштија во Европската унија е поголем кај жените (отколку кај мажите), младите луѓе (отколку кај средовечните или постарите лица), луѓето со ниско ниво на образование (отколку кај луѓето со средно или повисоко ниво образование).

Ризикот од сиромаштија и социјална исклученост е особено поголем кај невработените лица.

Статусот за вработување, како што се очекуваше, е една од главните социо-економски карактеристики што влијае на ризикот од сиромаштија и социјална исклученост.