Бананата е овошје кое ви е потребно во рамки на здрава исхрана. Бананата содржи калиум , магнезиум, бакар, манган, витамин Ц и витамин Б6.

Најголем број на луѓе конзумираат банана како ужина или за време на појадок, но вистината е дека бананата е доволно хранлива за да ви замени цел оброк.

Еве како правилно да конзумирате банана:

yellow banana fruit beside black cooking pot
Бананата не се конзумира како единечен оброк, најчесто се комбинира во порција со мед и ореви

30 минути пред главно јадење

Банатата ќе ги задоволи вашите апетити и ќе го одложи вашето јадење. После половина час или воопшто нема да имате потреба од храна или ќе имате намалена потреба од храна. Од таа причина бананата се препорачува како редовен оброк при држење на диети за слабеење.

Комбинирајте ја со мед и ореви

Наместо само банана, најдобро е да конзумирате цела порција која се состои од мед, ореви и банана. На тој начин ќе ги внесете сите потребни компоненти што треба да ги земете од редовен оброк и ќе бидете сигурни дека сте јаделе здрава и вкусна храна.

Избегнувајте банана во време за вечера

Вечерата треба да е на чинија и да се јаде со лажица. Трудете се вечерата да биде во течна агрегатна состојба како не би го оптовариле вашиот систем за варење и би го олесниле сонот.

Бананата може да ви предизвика застој во варењето поради нејзиниот состав, затоа избегнувајте да ја земате за вечера.