Повредата што настанува на патот до работното место и оттаму до дома се третира како повреда при работа. Ова го знаат мал дел од вработените во државата, иако е дел од нашата законска регулатива.

Стручњаците за безбедност и здравје при работа од соодветната коморска групација објаснуваат дека повредите настанати во периодот од излегувањето од дома до пристигнувањето на работа, или во времето во кое по најкусиот пат се стигнува до дома по завршувањето на работното време, се третираат како повреди на работното место.

Тоа значи дека трошоците за медицинскиот третман паѓаат на товар на работодавецот. Остварувањето на ова право не е поврзано со колективното осигурување што го имаат некои вработени.

Од Гурпацијата за безбедност и здравје при работа објаснуваат дека кога на работник ќе му се случи повреда на патот до работа и од работа до дома, веднаш треба да пријави кај работодавецот за да си ги остварат правата што законски му следуваат.