Се проценува дека повеќе од 40 милиони луѓе во светот се во модерно ропство, што вклучува приближно 25 милиони луѓе на принудна работа и 15,4 милиони во принудни бракови, соопшти Меѓународната организација на трудот (МОТ) по повод Меѓународниот ден против ропството.

Тоа значи дека на секои 1.000 луѓе во светот има 5,4 жртви на модерното ропство, при што секоја четврта жртва на модерното ропство е дете, пренесува порталот Nezavisnost.org.

Од 25 милиони луѓе заробени на принудна работа, повеќе од 16 милиони се експлоатирани во приватниот сектор, како што се домашна работа, градежништво или земјоделство; 4,8 милиони луѓе се во присилна сексуална експлоатација, а четири милиони луѓе се на принудна работа организирана од државни органи.

Жените и девојчињата се несразмерно погодени од принудната работа, што сочинуваат 99 отсто од жртвите во сексуалната индустрија и 58 отсто од принудната работа во другите сектори.