Сабота: Претпладне променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали.

Минималната дневна температура во Скопје ќе биде 4 степени, а максималната ќе достигне 12 степени.

Недела: Умерено облачно со слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер.

Попладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.

Минимална дневна температура во Македонија ќе изнесува помеѓу -2 и 4 степени, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.