Многу често ќе забележите дека некој пишува сеуште додека друг сѐ уште. Сигурно се прашувате која од овие две формулации е правилна. 

Според правописот на македонскиот јазик, правилна формулација е: сѐ уште.

Сѐ уште е прилог за време и означува временско – додавање, продолжување и определување на времето од еден даден момент, се користи да се означи продолжување; траење на дејството или состојбата – до моментот кога се говори.

Повеќе информации на линков.