Тулминовата шема е во извесна смисла, многу поблиска до стварните постапки на аргументација одошто се тоа формалните ставови кои тој ги критикува, но тоа е шема на правилното аргументирање.

Тој никогаш не истражил како луѓето во стварноста тоа го прават.

Тоа важи и за Перелман и Олбректс-Титек, иако овие двајца, меѓу сите останати филозофски становишта, најмногу се приближуваат до реалните постапки на аргументација.
Меѓутоа „auditoire universel“, еден од централните поими, секако, не претставува група на навистина постојни луѓе, на пр. сегашното население на планетата Земја.

Тоа е повеќе некоја инстанца која не е лесно да се утврди… Мене не ми е идејата да востановам што е рационална, умна или исправна аргументација, туку ме интересира како луѓето онакви глупави какви што се, навистина аргументираат.

~Волфганг Клајн