Проникливите и физички силни, жените од племето Мосуо имаат моќ во своето племе со векови и практикуваат некои од најуникатните традиции – како што е „мобилен брак“.

Во сенката на хималајските планини, на работ на огромното езеро Луга, живеат жителите на Мосуо. За нивната сложена општествена структура се вели дека е еднa од последните матријархални општества во светот, кое ја следи крвната линија на мајката и практиката на „мобилен брак“.

Ова античко племе со изненадувачки „модерни“ вредности е многу популарно. Стотици туристи ги посетуваат, антрополозите брзаат да дознаат за нив, а кинеската влада ги гледа како нешто повеќе од „доходовна стока“.

Во центарот на оваа бура од интерес се жените. Проникливи и физички силни, нивната тивка и достоинствена моќ била нивниот оклоп да се заштитат од заканите што доаѓаа со комунизмот. Сепак, во последните 20 години нивната стабилност постепено пропаѓа.

Како и кај многу заедници на првите нации ширум светот, можноста да се заработат пари од туризмот има своја цена. Кога ќе се отворите за посетителите, вашата култура постепено се деградира.

Животот е полесен кога имаш пари од туризмот, но во исто време тие се тажни поради промените, изјави за National Geographic фотографката Каролин Клупел, која помина извесно време со племето Мосуо.

Помладите членови на народот Мосуо се повеќе се интегрираат со Кинезите Хан, а многумина се венчале надвор од своето племе и се преселиле во поголемите градови за да најдат работа. Со мала помош од владата, зачувувањето на културата сега паднало на повозрасните жени.

Купелова вели дека жените Мосуа се силни и непоколебливи како Хималајските планини што ги нарекуваат дом.

Постарите жени се доста активни на село и издаваат наредби на сите членови на семејството, вели таа. Една жена со која поминав време имаше една ќерка, два сина и две внучиња. Но, таа работеше најмногу.

Видов 80-годишна жена како носи работи што не можев сама да ги носам, рече таа. Нивните тела се навистина моќни.

Мобилни бракови на племето Мосуо

Иако доминацијата на работното место е нешто за што жените најмногу се борат ширум светот, тоа е вообичаено кај ова племе, а начинот на кој функционираат партнерствата речиси и да го нема на друго место на планетата.

Системот „мобилен брак“ е веројатно најуникатниот дел од нивната култура. Прогресивно феминистички или погрешно, во зависност од тоа како гледате на тоа, традицијата налага партнерите на жените во Мосуо да ги посетуваат само ноќе.

Мажите доаѓаат кај жената кога таа сака да преноќи со него, но тој мора да ја напушти куќата пред да се раздени.

Мажите имаат многу малку врска со воспитувањето на нивните деца. Децата на Мосуо остануваат со семејството на нивната мајка, а жената, главно бабата, е глава на домаќинството.

Децата се раѓаат надвор од брак, што е сè уште невообичаено во Кина. Но, членовите на народот Мосуо не гледаат на работите така: за нив бракот е незамислив концепт. Семејството постои, само во друга форма, рече Чу Веихонг, успешен адвокат го посетил ова племе пред неколку години.