Во минатото, пред само еден век, жените немале професии.

Тие биле врзани за своите традиционални улоги, а нивниот труд ниту некаде бил регистриран, ниту бил признат од општеството.

Таквото криење на жените во неидентификувана, сива зона, ги прави робови на другите.

Тие може да бидат бесконечно експлоатирани без да знаат, која е смислата на нивното постоење.

Слободата на жената се состои во тоа да си ги скрати to do листите и да го работи само она за што е ценета и признаена.

Сите имаме обврски и одговорности кон другите, но тие не го тангираат едниот пол повеќе од другиот.

Во нашето општество е подвлечено дека – машките деца се грижат за повозрасните родители, а жените се грижат за децата.

Но вистината е дека, таквата сегментација не смее да постои, особено затоа што жените често се грижат за повозрасните членови на општеството што и воопшто не се нивните родители, туку родителите на сопругот.

Исто така децата за кои се грижи, се третираат како наследна своина на мажот, го носат неговото презиме и се негови „машки наследници“.

Тоа се традициски остатоци кои за жал се уште се присутни во помалите средини и во руралните области, кои не може да се искоренат така лесно.

Јазот помеѓу современа и традиционална жена е огромен, тие скоро и да немаат заеднички теми за кои би можеле да разговараат.

Женскиот идентитет не е унифицираат, тој е разреден и со самото тоа жените не можат да воспостават солидарност, заедничка борба за своите права и да бидат меѓусебна поддршка.

Како што вели Кју Кофман – жена на жена и е најголем непријател, а мажот го користи тоа непријателство да ги подреди.

Една жена не може да биде слободна, се додека робува на стереотипи, работи нееднакво платена работа, има проблеми со вработување бидејќи мора да објаснува дали ќе раѓа, се додека постојат машки и женски професии и мајки кои го носат теретот на целото семејство, жената робува.

Таа не робува како во минатото на митот на жртва – жените се проколнати од Господ, туку од митот на хероина – Жените можат СЕ!

Автор: Магдалена Стојмановиќ