На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 761.579 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.728 граѓани, а се вакцинирале 15.424 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а врота доза примиле 636.193 граѓани.

Според Министерството за здравство, со последните бројки, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата, а во тек е и теренска вакцинација. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктови во државата. Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, појаснуваат здравствените власти.

Апелираат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од неа, потенцираат од Министерството.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Што се случува со вашето тело ако секое утро конзумирате кафе наутро
Следната статијаТри работи кои ви недостасуваат да бидете силна и моќна жена!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде