Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

УВ индексот ќе изнесува 7 мерни единици.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 18, а максималната ќе достигне 30 степени.