Од околу 110 илјади граѓани кои ги добиле, само 43 илјади отишле на одмор на државна сметка. Министерот за економија Бектеши сепак е задоволен од резултатите кои ги дала мерката.

Прашан за објавите по социјалните мрежи каде наголемо се препродаваат ваучери за кеш а хотелиерите наводно букирале гости со ваучери кои не биле на нивно име, Бектеши вели дека досега не регистрирале злоупотреби.

Во месец август имаме зголемување на бројот на домашни туристи споредено со 2019 година од 8,9% а во септември имаме зголемување на домашните туристи со 33,7 отсто. Секојдневно ја праќаме листата на ваучери кои се користат во истиот ден до Држвниот пазарен инспекторат со што го имаме и извештајот онлајн а тие вршат теренски контроли, изјави министерот Крешник Бектеши.