Полицајци и цариници се уапсени во денешната акција на МВР во Диво Насеље, а по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Информацијата за „Фокус“ ја потврди обвинителката Вилма Русковска, а повеќе детали од Обвинителството најавуваат за малку подоцна.

Инаку, и од МВР ни потврдија дека на повеќе локации се вршат претреси поради сомнежи за трговија со дрога.

Според информации од МВР вршени се претреси на приватни имоти на неколку полицајци и цариници од Диво Насеље.