Хрватското министерство за здравство привремено ја забрани програмата за трансплантација на бубрези меѓу живи и несродни лица во Клиничкиот болнички центар во Загреб, поради сомневања за случаи на трговија со органи во 2019 година.

Хрватската радио-телевизија (ХРТ) објави дека случаите на трговија со органи се поврзани со донори на бубрези од Србија и Косово, и двајцата лица со понизок социјален статус, за приматели пациенти од Хрватска.

Предметот за кој е покрената истрага прво е предаден на Хрватската лекарска комора поради прекршување на Кодексот за лекарска етика, а потоа и на Државното правобранителство, се вели во соопштението на Министерството.

Клиничкиот центар Загреб како одговор на обвинувањата соопшти дека сите трансплантации во институцијата се извршени со одобрение на Етичкиот комитет на установата.

Сите преземени активности и процедури се идентични со процедурите што се спроведуваат во сите други центри за трансплантација во Република Хрватска каде што се извршени трансплантации на бубрези од жив несроден дарител – се вели во соопштението што го пренесе телевизијата „Н1“.

Во Хрватска е дозволена трансплантација на органи од живи несродни донатори, со тоа што строгите контроли подразбираат специфично, психолошко тестирање на донаторот, а потоа е потребна и соодветна документација односно одобренија од стручниот тим на центарот за трансплантација и од Етичкиот комитет на здравствената установа каде се врши трансплантацијата, објави ХРТ.

 

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Прашања на кои треба да имате одговор доколку сметате дека добро го познавате партнерот
Следната статијаИмате право на подолг годишен одмор ако сте работеле трета смена

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде