Јаболката најчесто се конзумираат свежи, но торта со јаболка и цимер е вистинско задоволство за сетилото за вкус.
Торта со јаболка и цимет, се подготвува брзо и едноставно, спаѓа во здрави оброви кои може да ги подготвите сами дома.
Тортата се готви за 30 – 60 минути а за нејзина подготовка ви се потребни следните
Состојки:
- 800 гр. изрендани јаболки
- 300 гр. шеќер
- 150 гр. зејтин
- 5 гр. цимет
- 1 лаж. сода
- 700-800 гр. брашно
- 150 гр. кисела вода
- 50 гр. шеќер во прав
Начин на подготовка:
Јаболките се лупат и се рендаат на крупната страна од рендето. Се ставаат во подлабок сад и се додаваат шеќерот, зејтинот и циметот и промешуваме.
Во киселата вода ја ставаме содата и мешаме со лажица. Потоа ја истураме кај претходните состојки и оставаме да стои така околу половина час.
По половина час го дадаваме брашното и ја соединуваме смесата. Ставаме да се пече во загреана рерна на 250 степени половина час потоа ја намалуваме рерната на 100 степени 10-15 минути.