дома информација вест Почнува воведување на мерката „полициски час“ во државите од регионот

Почнува воведување на мерката „полициски час“ во државите од регионот

Црна Гора воведува полициски час

529
0

Европските држави воведуваат нови мерки како резултат на зголемувањето на бројот на нови инфекции со корона вирус.

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет градови во црвената зона според бројот на лица заразени со коронавирус, а одлуката за можно затворање на Подгорица ќе биде донесена откако ќе пристигнат резултатите од 200 примероци од Германија.

Од понеделник ќе се воведе полициски час од 22 до 5 наутро во Будва, Улцињ, Цетиње, Колашин и Жабљак од 22 до 5 часот наутро, а ќе има и затворање на училиштата, градинките и рестораните, изјави директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје, Бобан Мугоша во изјава на ТВ.

Тој додаде дека мерките се воведуваат бидејќи стапката на инфекција во тие градови е поголема од 800 на 100.000 жители.

Извор: Нова Македонија