По повеќе од една година Кина ги регистрираше првите смртни случаи од ковид 19, покажуваат податоците на веб-страницата на Националната здравствена комисија, во која се наведува дека две лица починале во североисточниот регион Џилин.

Земјата моментално се соочува со најголемиот бран на епидемија и спроведува политика на нулта толеранција против коронавирусот со вршење т.н. „динамични чистења“, кратки затворања и брзо тестирање секаде каде што се откриени случаи на инфекција.

Џилин, на границата со Северна Кореја и Русија, е во епицентарот на сегашниот бран. Тука се забележани две третини од вкупниот број заразени во земјата. Вкупниот број на потврдени смртни случаи од ковид-19 во Кина сега е 4.638.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Половина таблета аспирин дневно го намалува ризикот од малигни заболувања
Следната статијаКина бара одговорност од САД за 26 биолаборатории во Украина под контрола на Пентагон

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде