Овој намаз на база на модар патлиџан и пиперка е одличен избор за појадок. Во комбинација со парче интегрален леб и чаша јогурт ќе ги задоволи сите потреби од есенцијални нутритиенти.
Воедно можете да го сервирате и како додаток во исхраната, а зазема убаво место во декоративниот простор на славските и празничните трпези.
За подготовка на овој намаз потребно ви е:
- 250 гр урда
- 1 кг модар патлиџан
- 2 чешниња лук
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лута пиперка
- 4 лажици маслиново масло
- 1/2 лажичка сол
- 1/2 лажичка мелен бел пипер
- по вкус мелен анасон, цимет
- 2 лажици црн сусам
- 100 гр крупно сечкани ореви
Подготовка
Модрите патлиџани и лутите пиперки измијте ги, ставете ги во тавче и печете во рерна на 200 степени 20 минути.
Печениот и изладен патлиџан исчистете го од кората како и од периката.
Соединете сè и нежно соединете со миксер. Изгмечете го сирењето/урдата со вилушка и додадете го во измешаниот модар патлиџан.
Додадете ситно сечкан лук, сок од лимон, маслиново масло, сол, бибер, сечкани ореви, мелен анасон и цимет и црн сусам.
Промешајте со процесор за храна, потоа ставете во сад, па во фрижидер да се излади.
Намазот послужете го на тост леб или зачинети брускети.