Иако често ќе слушнете дека озборувањето е универзална карактеристика на човекот, оваа тврдење не е засновано на докази и заклучок со полна индукција. Во суштина човечката природа е егоцентрична и човек ретко кога суштински се занимава со другиот. 

Озборувањето и свесното ширење на гласини често произлегува од чувството дека нешто е неправедно или кога некој добива заслуги кои не се реални согласно согледувањата на оние кои озборуваат.

Во рамките на една компанија озборувањата се најчест индикатор за лош менаџмент во компанијата и еве кога најчесто настануваат:

  • Фаворизација на работник

Кога во рамките на една компанија ќе се фаворизира само еден работник, а не целиот тим, многу е голема веројатноста да се јави револт кај другите работници кои истиот ќе го претворат во озборувања.

Образованиот и мудар менаџер ќе се труди сите да ги вклучи подеднакво согледувајќи ги нивните индивидуални афинитети и можности.

Во големите компании тимската работа е пред се, а вертикалната хиерархија значи само поголема одговорност која поединец прифатил да ја извршува, а не и привилегирана позиција и однос кон другите како кон подредени. 

  • Менџер кој менџира на принципот раздели па владеј

Ако менаџерот ги охрабрува вработените да ги кодошат своите вработени како би можел да воспостави целосна контрола врз тимот, тогаш големи се шансите дека во една компанија целосно ќе се изгуби тимската работа, довербата и колегијалноста.

  • Менаџер кој не ги прифаќа сопствените неуспеси, а туѓите ги нагласува 

Кој работи тој и греши, зарем не? Па така и менаџерот има поголеми шанси да погреши во работењето доколку неговата одговорност е поголема и доколку работи многу повеќе работи за разлика од другите.

Но доколку грешката е евидентна и сите знаат дека таа настанала како резултат на погрешната одлука на менаџерот, а тој упорно ја негира, се труди да ја скрие или пренагласува грешки на други вработни, тогаш е нормално вработените да имаат отпор кон лошиот менаџер.

Во суштина вработените добро знаат кога еден менаџер не ја работи својата работа професионално, а згаснувањето на довербата кон компанијата дека еднакво ги наградува сите за нивните заслуги ја намалува и мотивацијата и продуктивноста на вработените.

Автор: Магдалена Стојмановиќ