Напиток од зелено овошје и зеленчук ќе ви помогне да ги преживеете оние денови во кои сте ненаспани, се чувстувате лошо, имате главоболки или едноставно сте исцрпени.
Секој од нас барем некогаш се чувствува дека енергијата му е при крај во некои денови и е спречен да ги обавува регуларно редовните обврски.
Како прва помош за тие денови ви предлагаме зелено смути од неколку состојки:
- 1 киви
- 4-5 листа од спанаќ
- 3-4 гранчиња свежа брокула
- 1/2 краставица
- 1/2 зелено јаболко
- 1/2 банана
- малку сок од лимон
Додадете повеќе вода и направете го смутито што е можно потечно.
На тој начин состојките побрзо ќе се апсорбираат во стомакот и нема да ви создадат чувство на надуеност и да ви го оптеретат желудникот.