Грации се припаднички на женскиот пол кој имаат хабитус на „грациозно однесување“.

Каква порака испраќаат грациите на другите?

  • Недопирливост 

Нивната среќа не зависи од никој друг, освен од нив. Тие се максимално игнорантни кон вашите обиди да стигнете до нив!

Наместо со вас, се занимаваат само и исклучиво кон себе и свртени се на сопствениот успех!

  • Достоинство

Тие се достоинствени и на нив не можете да видите никаква фацијална експресија или емоција.

Имаат максимална контрола на движењето, смеењето, невербалната комуникација…

Просто кога ќе ги видите имаат уметност на движење и живеење.

  • Не се расправаат

Нема да ве удостојат со расправи. Тие не губат време да ве сменат вас и средината каде што се наоѓаат.

Внимателно ќе ве посматраат, а по тоа и ќе ја донсат одлуката дали да останете во нивниот живот или да сте само лош спомен.

  • Студено

Грациите не ги покажуваат своите емоции во јавност. Тие може да се скршени од болка или да се прерадосни и горди, но нивното лице секогаш ќе го има истиот изглед.

Не им се предаваат на другите луѓе така лесно и држат дистанца со сите!

  • Љубезност 

Тие се студени, но не им недостига љубезност. Со нив може да водите отворен разговор за скоро секоја тема.

Нема да ве понижат, омаловажат или да ви наоѓаат мани во разговор со вас.

Затоа е вистинско богатство да бидете во нивно друштво!