Колку често мислите дека луѓето имаат секс во текот на еден месец?
Во ерата на сексуални слободи, би рекле дека паровите имаат секс барем секој втор ден, а некои многу почесто (и неколку пати на ден).

Но, се чини дека сите живееме во (голема) заблуда, барем така покажуваат резултатите од долготрајната студија на Ипсос во Велика Британија и САД. Имено, се откри дека повеќето испитаници претпоставуваат дека луѓето на возраст од 18 до 29 години водат љубов најмалку 14 пати месечно во просек.

Но, вистинскиот број ги шокираше бидејќи вистината е едноцифрена, и во Велика Британија е 5, а во САД е само 4 !!! Фигуративно кажано, наместо најмалку 180 сексуални односи во текот на годината, помладите мажи имаат секс само околу 50 пати!

Но, и тоа не е, се чини, најголемата заблуда !!! Имено, оваа студија исто така откри дека мажите претпоставуваат дека помладите девојки имаат повеќе од 20-тина сексуални односи во текот на еден месец. Но, наместо очекуваниот број 23, откриено е дека младите Британки и Американки имаат секс само 5 пати во рок од 30 дена!