Многу парови се заглавени во секојдневие, навики, конвенции, кои ја одржуваат формално нивната заедница, додека љубовта и другите суштински основи на партнерството одамна завршиле.

Да се раскине формата е прашање на труд и на одлука, да замине љубовта е природна, спонтана и работа која е вон наша контрола и моќ.

Затоа понекогаш е потешко да се раскине формално заедницата, отколку суштински кога се препуштаме на случајностите и стихиите.

Но никогаш не е погрешно да ја преиспитате вашата врска и да сфатите кој е вистинскиот темел на вашата заедница, но едно е важно да знаеме – НАВИКАТА СЕ МЕНУВА, ЉУБОВТА НЕ.

Ако се разделите поради тоа што ве врзува навиката, ќе создадете нови навики и никогаш повторно нема да помислите на рехабилитирање на партнерството, ако ве врзува љубовта, не можете да замислите да бидете без некој и покрај сите лоши навики што ги има.

  • Повторливост 

Дали секој ден ви наликува на претходниот и секој следен ќе ви наликува на денешниот?

Ако одговорот е да, тогаш сигурно станува збор за навика. Дури и да се обидете да промените нешто во секојдневните случувања, ќе треба да се изложите на долг договарачки процес.

На крај ќе се откажете или ќе почнете да го планирате вашиот живот надвор од тој што го имате во пар со друга единка.

  • Љубопитност 

Кога сте вљубени ве интересираат неговите/нејзините чувства, расположение, состојби, ставови, мислења, говор, имате потреба од телесен контакт, допир, водење љубов.

Ако веќе не сте заинтересирани за некој и почнувате да се затворате во свој свет, го исклучувате од своите планови, не гледате долга заедничка иднина, тогаш љубовта дефинитивно престанала.

Вие сте заглавени во формата.

  • Имате потсвесна желба да излезете од магичен круг

Длабоко во себе знаете дека не сакате да останете во таа заедница, врската само ја маскирате, но нема таа маска има рок на траење.

Прашање на време е кога ќе падне.

Ако врската се почесто ви создава притисок, лошо расположение, стрес, нетолеранција, ве гуши и сл. тоа значи дека вие во себе веќе сте пресекле одамна.

Прашање на време е кога ќе се соочите со себе и ќе го прифатите тој факт.

Автор: Магдалена Стојмановиќ

ИЗВОРМој збор
претходниот член,Здравствени причини зошто да не правите кафе во превриена вода
Следната статијаКако да го организирате вашиот одмор за да рекреирате целосно

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде