Астра зенека и Универзитетот „Оксфорд“ завчера признаа грешка во дозирањето за време на производството, што покрена низа прашања во врска со ефикасноста на нивната ковид-вакцина, пренесува Тајм.

Откако во соопштение за нивната вакцина се тврдеше дека е таа е „високо ефективна“, во извештаите не се спомнува зошто некои од волонтерите во тестирањето добиле половина доза.

Кај волонтерите биле испробани повеќекратни комбинации и дози со цел да се тестира ефективноста и безбедноста на вакцината.

Изненадувачки, учесниците во испитувањето што добиле две половични дози покажале подобри резултати со 90 отсто ефективност, а кај оние кои добиле две целосни дози, била забележана ефективност од околу 62 отсто.

Комбинираните резултати покажуваат 70 отсто ефективност, што беше резултатот прикажан од производителите.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Германија останува во половичен карантин и за Божиќ
Следната статијаСите благодети од лавандата