Дали знаете што е орторексија?

Овој збор звучи необично и би било тешко да се поврзе со здрава исхрана. Но, орторексијата всушност има врска со храната – тоа е нарушување во исхраната кое се манифестира како опсесија со здрава храна.

Некои луѓе, од безопасната потреба да ја сменат својата лоша исхрана, одат во друга крајност, и паѓаат во орторексија, од која понекогаш не е лесно да се излезе.

  • Тешко е да се лекува

Луѓето кои боледуваат од орторексија се оптоварени со тоа што секогаш мораат да јадат само она што е здраво, органско и подготвено на одреден начин. За нив е незамисливо да јадат храна од ресторан или храна која не го знаат потеклото и начинот на подготовка.

Орторексијата не е официјално дијагноза, иако почна да го привлекува вниманието на медицинската заедница на почетокот на 21 век.

Често се користи за опишување на поединци кои покажуваат вознемиреност кога станува збор за потеклото и чистотата на храната, а исто така се опседнати со планирање и подготовка на храната.

Ако состојбата трае во изразена форма, тогаш се смета за нарушување – практично е во иста група како анорексијата и булимијата.