Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало во септември 2021 година, во споредба со септември 2020 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 11.7 %, а реално за 7.9 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 14.3 %, а реално за 12.7 %), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 13.0 %, а реално за 10.4 %) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 30.2 %, а реално за 6.6 %).