Доколку поминувате подолг временски период на сонце, се сончате на плажа во период на летните одмори или работите на измена на вашиот тен, од исклучително значење е да ја подготвите вашата кожа за сончање, но и да ја негувате по сончањето.

Најдобра козметика е онаа која е на органска база, бидејќи секогаш може да бидете сигурни дека нема да има негативни нус појави по вашето здравје.

Отткако ќе завршите со сончање, ви предлагаме неколку намирници за нега на вашата кожа:

  • Кокосово масло 

Лесно е достапно, може да го купите во подобро снабден маркет или во аптека.

Кокосовото масло е универзална органска козметика, освен за кожа може да го користите и за нега на коса.

Аплицирање на кокосовото масло по сончање ќе спречи пршавење на кожата и соодветно ќе го потхрани епидермисот.

  • Краставица 

Цеден сок од краставица или сецкана крастатвица е одличен третман за вашата сончана кожа особено во првите денови од нејзино подолго изложување на сонцето.

Краставицата длабоко ја хидрира кожата и ви дава чувство на ладно – пријатно по изложување на кожата на интензивна топлина.

  • Лимон 

Лимонот содржи голема концентрација на витамин Ц што е исклучително важен за правилно хидрирање на кожата.

Кожата при сончањето дехидрира, а доколку претерате со сончање може да се појават изгореници.

Сок од лимон или нанесување кришки од лимон на болни места ќе ви помогне да ја вратите свежината и еластичноста на кожата.