Болеста наречена донованоза се манифестира преку формирање на чирови на гениталиите. Ова може да се случи и кај мажите и кај жените, но кај мажите болеста се јавува двапати почесто отколку кај жените.

Донованозата е позната и како „Granuloma inguinale“ (ингвинален гранулом), таа е полово пренослива болест, може да резултира со уништување на заразеното ткиво доколку не се спроведе соодветна терапија по воспалението.

За појавата на болеста е одговорна бактеријата Klebsiella granulomatis, пишува Дојче веле.

  • Тропска болест 

Оваа тропска сексуално пренослива болест се јавува првенствено во земји како Индија, Папуа Нова Гвинеја, централна и северна Австралија. Но, тоа е забележано и во Виетнам или во некои африкански земји.

Донованозата спаѓа во групата на таканаречени СПБ, Сексуално преносливи болести. Тоа е доста ретко во Европа.

На Стариот континент, кламидија, сифилис или гонореја сè уште се на листата на најчести полово преносливи болести.

Но, некои лекари во Велика Британија сега предупредуваат на можното ширење на оваа заразна болест. Во таа земја е забележан пораст на бројот на регистрирани случаи на донованоза.

  • Текот на болеста 

Бидејќи донованозата не предизвикува болка, пациентите честопати едноставно ја занемаруваат. На почетокот на воспалителните жаришта се формираат црвеникави нодули, кои потоа релативно брзо исчезнуваат. Но, тогаш во нивна близина почнуваат да се појавуваат чирови. Кога се допираат, почнуваат да крварат. Тие можат да се појават на различни делови од телото, но главно во пределот на гениталиите.

Кај мажите, пенисот е особено погоден, кај жените внатрешната страна на вагиналните усни е најизложена на промени. Доколку инфекцијата не се забележи во рана фаза, односно не се лекува на самиот почеток, се појавуваат гнојни отоци, а на крајот болеста го уништува ткивото. Времето на инкубација варира. Помеѓу инфекцијата и појавата на донованоза може да помине помеѓу една недела и 16 недели.

  • Дијагноза

Повеќето луѓе кои се инфицираат со донованоза се на возраст меѓу 30 и 40 години. За потребите на дијагнозата, лекарите земаат брис од погодениот дел од телото или ткивото. Доколку е потребно, се врши анализа на клетките.

Така, лекарите можат да утврдат дали навистина се работи за донованоза или за некоја друга полово пренослива болест со слични симптоми. На пример за сифилисот, пренесува DW.COM.

  • Рано лекување е многу важно 

Ако дијагнозата е недвосмислена и јасна, лекарите препишуваат главно антибиотици на пациентите. Под услов болеста да се лекува во рана фаза, можно е целосно излекување. А ако е веќе напреден стадиум, можните последици се едем, „стискање“ на уретрата, вагината или аналниот канал. И можни се трајни лузни.