Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш смета дека руските вакцини за КОВИД-19 можат да играат многу важна улога во борбата против пандемијата и се надева дека Светската здравствена организација (СЗО) наскоро ќе ги одобри.

Единствениот услов што го имаат ООН во врска со вакцините е да можеме да ги користиме само доколку се одобрени од СЗО. Знам дека во овој момент има контакти меѓу руските власти и СЗО, се надевам дека преку нив ќе се дојде до одобрување или признавање за ефикасноста на руската вакцина – рече Гутереш во интервју за ТАСС .

Генералниот секретар на ООН исто така смета дека е важно имунизацијата да биде достапна за секого и насекаде.

Руската вакцина може да биде корисна во многу мисии на ООН, во некои чувствителни делови на светот, каде ќе ни требаат вакцини за нашиот персонал и населението на кои им помагаме во мировните операции – додаде Гутереш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде