Пред неколку месеци беше регистриран нов тип на коронавирус во Велика Британија. Според официјалните информации од СЗО, сега тој е регистриран во дури 70 држави.

Министерот за здравство, Венко Филипче извевсти дека е новиот тип на коронавирус е детектиран и во Македонија.

Тој се шири побрзо за 70% во споредба со првиот регистриран тип, но е послаб во однос на манифестацијата, симптомите и клиничката слика.

Фармацевтскитие компании кои ги произведуваат вакцините потврдија дека нивните вакцини се ефикасни и за новиот тип на коронавирус.