Вчера се одржа историско гласање во Обединетите нации, кое, после долгогодишни напори, конечно ја препозна медицинската вредност на канабисот, растение кое се користи терапевтски илјадници години и долго време е забрането поради предрасуди рекреативната употреба сè уште не е дозволена иако некои земји веќе ја декриминализираа, пишува Вице.

Канабисот досега се наоѓаше на списокот на лекови кои имаат мала медицинска корист, наспроти бројните научни трудови кои го докажуваат спротивното.

По препорака на експерти од Светската здравствена организација, Комисијата за наркотични дроги на ООН гласаше за негово отстранување од списокот, кој вклучува, на пример, хероин.

Гласањето беше крајно неизвесно, а одлуката сепак беше донесена многу „тесно“. Меѓу 27-те земји кои гласаа се Велика Британија и Соединетите држави, додека Русија е на чело на блокот земји што ги вклучуваат Кина, Пакистан и Нигерија, кои беа против промената.