Вкупно 13.657 лица од Македонија се вакцинирани во Врање, Србија, со прва доза, а 11.966 примиле две дози вакцина против Ковид-19.

Вкупниот број на вакцинирани граѓани од Србија, Македонија и други земји во Спортската сала Врање од почетокот на вакцинацијата до вчера изнесува 100.066, објави утрово Здравствениот дом во градот.

Најмногу се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм – 62.711 дози, а потоа Фајзер во вкупно 29.439 случаи. Рускиот Спутник В бил даден во 6.999 дози. Астра Зенека, која не беше достапна долго време, беше применета во 932 случаи.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Три најчести причини за претерана потреба од слатка храна!
Следната статијаДомот најдобро може да го исчистете со глицерин

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде