Охрид и Струга се преполни за илинденските празници. Хотелските и приватните сместувачки капацитети се исполнети до последно место, најмногу со домашни гости, но има и странски туристи од соседството, како и Холанѓани и Полјаци.

Приватните станоиздавачи велат дека секоја година во овој период нема ниедна слободна соба за издавање оти тогаш се одржувале и разни концерти.

Раздвиженост и гужва има по чаршијата, кафулињата и плажите, со што се врати сликата од пред две години кога овие туристички центри беа едни од најпривлечните за одмор.

Состојбата е како во добрите времиња. Почнавме нормално да функционираме, велат угостителите.

Поради големите гужви ќе бидат засилени и полициските контроли. Од полицијата апелираат возачите да бидат внимателни, особено при доаѓањето кон Охрид и Струга, затоа што патниот правец од Кичево сè уште е во изградба.

ИЗВОРСДК
претходниот член,Грешки кои ги правиме по раскинувањето на долгогодишната врска поради која губитокот ни е уште поболен
Следната статијаОвој вид на алишта никако не треба да се најде во вашата машина за перење

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде