Започнувајќи од утре, па се до 10ти Јуни, во Охрид ќе се одржи мултимедијална изложба и предавање на проф. д-р Анис Сефиданис насловени како „Духот од електронската ламба“. 

Предавањата ќе започуваат секој ден во 12 часот, првите три дена во НУ Библиотека „Григор Прличев“, на 6ти и 7ми Јуни во охридскиот центар за култура „Григор Прличев“, а на 8ми, 9ти и 10ти на матичниот универзитет каде што во моментот предава Сефиданис, Универзитетот „Св. Апостол Павле“.

Присутните ќе имаат можност да ги истражат можностите како и предизвиците на вештачката интелигенција.

Заинтересираните можат исто така да го посетат Институтот за експоненцијални технологии „Сефиданис”, каде се наоѓа првиот суперкомпјутер на американската компанија НВИДИА.

Уникатната колекција на Проф. д-р Анис Сефиданис нуди оригинални примероци од најраните претставници на електронските ламби на ИБМ до последната генерација на современите процесори на повеќе хетерогени јадра, кои оперираат со висока фреквенција и паралелност.

Со помош на мобилна апликација која користи проширена реалност, посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе за историјата, архитектурата и примената на секој изложен артефакт.

Услов да ја следат изложбата е посетителите да имаат мобилни уреди кој има интернет врска, пребарувач и камера.

Темите на предавањето ќе бидат Законот на Мур и Туринговиот тест.

Гордон Мур предвидел брз развој на интегративната кола и алгоритмите, како и сложеноста на комјутерот на секои две години.

Додека Туринговиот тест е показател дека во комуникацијата помеѓу комјутерот и човекот, доколку не постои визуелно восприемање на соговорникот, но само восприемање на содржините, човек може да одреди дали станува збор за комјутер или за човек – соговорник со веројаности од 50-50.