Сабота: Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

УВ индексот ќе изнесува 9 мерни едници.

Минималната дневна температура ќе биде 19, а максималната ќе достигне 39 степени.

Недела: Сончево и многу топло со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа ќе засилува.

Кон крајот на денот ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

УВ индексот ќе изнесува 8 мерни едници.

Минималната дневна температура во Скопје ќе биде 20, а максималната ќе достигне 40 степени.