На предлог на Министерството за здравство, се измени Одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури, со што се одлучи ослободување од работни обврски на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, и продолжува да важи во периодот до 27 јули.

Според добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во државава, високи температури се очекуваат и во деновите по 24 јули, Владата донесе одлука за измена на заклучокот од претходната седница, којшто се однесуваше на ослободување одредени категории лица од работни обврски од 21 до 24 јули 2022 година, со тоа што овој рок е продолжен до 27 јули 2022 година. Препораката за ослободување од работни обврски во периодот до 27 јули се однесува на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, информираа од Министерството.